Еден од терористите е ,,бегалец,, – дошол преку Балкан, минатиот месец ја минал Македонија


Сирискиот државјанин кој учествуваше во вчерашниот терористички напад во Париз го минал “Балканскиот коридор“ заедно со стотиците илјади бегалци од неговата држава. Тој најверојатно минал низ нашата држава и низ Србија, а потоа преку Хрватска, Словенија,Австрија и Германија стигнал во Франција.

Ова го потврди и грчкиот министер за јавен ред Никос Тоскас кој изјави дека тој бил регистриран како бегалец минатиот месец во кампот на островот Лерос.pariz pukanje 3

Засега идентитетот на сирискиот државјанин се чува во најстрога тајност. Француските власти потврдија дека кај него бил најден сириски пасош а проверките покажале дека не станува збор за фалсификат со лажни генералии.

Во вчерашните терористички напади во Париз беа убиени 128 луѓе, околу 250 се ранети а 90 се во критична состојба.

Одговорноста за терористичките напади веднаш ја превзеде Исламската држава (ИД).

Претседателот Ѓорге Иванов предупреди дека меѓу стотиците илјади бегалци и мигранти се кријат џихадисти кои ја користат бегалста криза и “балканскиот коридор“ за да се префрлат во Европа и таму да се приклучат на постоечките терористички ќелии.

Вчера во нашата држава влегоа околу 8.000 бегалци и мигранти чиј идентитет не е познат и утврден. Токму затоа Иванов бара на границата со Грција да се постави мисијата ФРОНТЕКС која би помгнала во прегистрацијата и идентификацијата на странските државјани при

Вечер.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1