Еден загинат во сообраќајката на патот Охрид – Кичево


Едно лице загина, а едно повредено во сообраќајката на патниот правец Охрид-Кичево, јави Плусинфо.

Сообраќајката се случи доцна попладнево на магистралниот пат кај селото Песочани.

sob-ohrid2

Во сообраќајната несреќа учествувале два автомобила со охридски регистарски таблички. Повреденото лице е пренесено во болница во Охрид.

На местото на несреќата се врши увид, а сообраќајот е привремено забранет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1