Едно лице загина, двaјца се повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш


Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Штип – Радовиш на местото викано петти километар, во близина на затворот Штип.


soobrakj skopjeСпоред првичните информации од истражните органи, до несреќата дошло поради превртување на камион, кој бил натоварен со сточна храна. Причина за превртувањето била пукање на предна гума од возилото.
Дежурниот лекар од итната медицинска помош во Штип, Александар Стојанов информира дека едно од повредените лица на возраст од 30 години е со тешки телесни повреди, а другото на возраст од 50-тина години е полесно повредено.
Истражни органи вршат увид на местото на несреќата.
Собраќајот на патниот правец Штип-Радовиш е во прекин од што е создадена долга колона од возила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1