Ефремов со нов личен рекорд на Олимпијада


Македонскиот атлеткси претставник на ЛОИ, Кристијан Ефремов, во Лондон успеа да го истрча својот најдобар резултат во кариерата на трката на 400 метри.

 


Ефремов трката ја заврши со време од 47,93 што е постигнување за 34 стотинки од неговото најдобро време, со кое што Ефремов беше пријавен да настапи на Олимпијадата.

Со овој подвиг Ефремов успеа да го оствари ветеното пред да замине во Лондон, дека негов приоритет на Игрите ќе биде да го подобри неговот најдобро време. Тоа претходно не им успеа на пливачите Марко Блажевски и Симона Маринова, како и неговата колешка Христина Ристевска.

Со Ефремов завршија настапите на македонските олимпијци во Лондон.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1