Експлодираше куќа во Волково- вклучил греалка до плинска боца


Во ЕИК Скопје вчера во 10.30 часот, од страна на Бригадата за противпожарна единица, добиена е пријава дека околу 09.30 часот во с.Волково, скопско, на ул.„70“ се случила експлозија во една од собите на горниот кат од куќата.pozar55

До експлозијата најверојатно дошло од вклучена греалка во чија близина имало плинска боца од три литри од која истекувал плин, по што настанал и пожар. Ѓ.Ч. (60), при обид да го изгасне пожарот, се здобил со изгореници од прв и втор степен во пределот на главата и дветте раце. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен на пластична хирургија при Ургентен центар Скопје, каде бил задржан за следење на здравствената состојба.

За време на експлозијата на долниот кат биле снаата и внуката кои не биле повредени.

Од пожарот целосно била оштетена само една соба во која изгорел инвентарот, како и носечка дрвена конструкција од покривот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1