Експлозија во Аеродром – бомба фрлена пред полицијата во Аеродром


Силна детонација се слушнала синоќа околу половина час после полноќ во близина на зградата на СВР Скопје во скопски Аеродром.

Според објавените информации непознато лице активирало експлозивна направа на паркинг просторот во близина на Секторот за внатрешни работи, а од детонацијата оштетени биле повеќе возила.bomba aerodrom

-Според првичните сознанија и од вештачењето на трагите обезбедени од лице место, најверојатно станува збор за експлозивна направа кашикара која била фрлена од засега непознато лице во насока кон објектот на СВР Скопје. Бомбата експлодирала на работ на тротоарот од паркингот во близина на оградата од објектот во кој е сместен СВР Скопје, истакна помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.svr skopje aerodrom2

При експлозијата за среќа нема повредени лица. Направена е материјална штета, односно оштетени се три прозорски стакла на зградата на СВР Скопје и повеќе патнички возила паркирани во непосредна близина.

Котевски вели дека засега полицијата нема сознанија за поврзаност на оваа експлозија со експлозиите пред СВР Тетово и СВР Куманово. Според првичните вештачење се работи за сосема различна експлозивна направа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1