Експлозија во фабрика за пиротехника во Скопје – повредени 3 вработени


Попладнево дошло до експлозија во просторија на фабрика за производство на градобијни ракети и пиротехника сместена во населбата Сопиште во Скопје. Експлозија се случила околу 17:00 часот.

pozar strumica - pozarnaКако што за Mknews изјави командирот на противпожарната бригада Благоја Менковски пожар немало, но имало експлозија во една од просториите која потоа предизвикала минимална штета и опожарување на кровниот дел.

На објектот има минимална штета вели командирот но од експлозијата настрадале вработените.  Во малата просторија имало 4 лица. Се знае дека 3 вработени се здобиле со посериозни повреди, четвртиот вработен кои во моментот бил во просторијата, според неофицијалните информации минал без повреди.

Тројцата повредени со видливи изгореници се префрлени во клиничкиот центар и засега нема информација за нивната состојба или степенот на повердата.

Противпожарната бригада е на местото и се чека пристигнување на крим полицијата која треба да спроведе истрага како сошло до експлозијата

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1