Емотивна приказна: Кога станав мајка, никој не ми кажа дека…


Кога бев бремена, сите живи ме предупредуваа на тоа што ме чека. Предупредувањата ме чекаа каде и да се појавев, дури и од непознати луѓе…

“Уживај сега во својот сопруг, бидејќи потоа бебето ќе ти го одзема времето и ретко кога ќе имате можност да бидете сами”, “Купи едноделен костим за капење за следното лето – твоето тело никогаш повеќе нема да биде исто”. Или уште полошо, советот кој го добив од мојата докторка кога и реков дека се плашам дека никогаш повеќе нема да му бидам секси на својот маж. “Ќе можеш да ослабиш по првото дете, но не сметај на тоа откако ќе го родиш второто. Но, до тогаш ќе бидеш толку уморна, што тоа нема да ти биде важно.”majka bebe

А мојот фаворит е: “Спиј сега, додека можеш!”, како и “Уживај во тишината, среди ги ноктите и никогаш нема да имаш време да се истушираш”.

Покрај сите тие предупредувања, кои ми создадоа впечаток дека крајот на светот е блиску, заборавија да ме предупредат на она што неизбежно следува.

Заборавија да ме предупредат дека, после предолгите часови со породилни болки, моето срце ќе се стопи, кога за прв пат ќе го видам лицето на своето бебе. Требаше да ми кажат дека солзите радосници навистина постојат и дека не можат да се контролираат. И дека можат да протечат само заради тоа што го држите своето дете во раце. Требаше да ми кажат дека секогаш во мене треба да имам марамчиња.

Требаше да ме предупредат на тоа дека својот сопруг ќе го сакам уште повеќе кога ќе стане татко на моето прекрасно бебе и дека нема да се сеќавам на начинот на кој порано сум го сакала. Дека и понатаму ќе имаме расправии и предизвици, но дека ќе смислуваме нови начини како да се забавуваме заедно, а таа да биде со нас. Дека ќе и смислуваме блесави имиња и дека ќе се смееме до солзи. Дека потајно ќе го слушнам, додека и ги менува пелените како и` зборува “Јас сум тато. Та-то. Првиот збор ќе ти биде та-то”.

Требаше да ме предупредат дека ако јадам здрава храна во нормални количини, на своето бебе ќе му обезбедам доволно калории низ мајчиното млеко. Да ми кажат дека во почетокот нема ни да помислувам на диета. Дека ќе затреперам од среќа кога докторот ќе ми каже дека убаво напредува и дека има нормална тежина за својата возраст. Дека нема да се опседнувам со својата, туку со нејзината тежина. Дека моето тело, само од себе, повторно ќе се врати на старо и дека ќе влезам во старите фармерки во рок од шест недели. И дека маж ми ќе ми вели дека сум секси – многу често и многу уверливо.

Требаше да ме предупредат дека, без оглед на тоа колку сум исцрпена, секогаш ќе бидам орна, бидејќи таа ме чека. Дека некои денови само ќе седам покрај неа и ќе ја гледам без оглед на своите обврски. Дека нејзиниот плач ќе ме излудува, но и дека ќе се чувствувам како супермен кога ќе ја смирам. Требаше да ми кажат дека ќе спијам. Можеби не секоја вечер и без прекин, но доволно. И дека таа ќе биде мојата целодневна преокупација и најдобра работа која сум ја имала.

Требаше да ми кажат дека апсолутно СЕ ќе се промени кога ќе станам мајка, но и дека никогаш повеќе нема да сакам да се вратам на старо. Требаше да ми кажат дека животот ќе ми стане неспоредливо побогат, поубав и поисполнет и дека секогаш кога ќе се сетам на старата јас ќе помислам: “Кутрата јас, тогаш не го знаев своето дете”.

Рингераја.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1