Емотивна промоција на книгата посветена на Тоше Проески


Во холот на хотелот Александар Палас денеска се одржа долгоочекуваната промоција на книгата „Ова не е крај“ посветена на ликот и делото на македонската поп икона Тоше Проески, кој на денешен ден требаше да наполни 33 години.

sonja tose

Освен ексклузивната промоција на книгата беше претставен и видео записот сниман во 2006 година за песната на српски јазик „Жао ми је“ која е дел од носачот на звук „По тебе“.

Автор на книгата „Ова не е крај“ е новинарката Соња Алексоска Неделковска, а по повод на роденденот на Тоше беше промовиран и спотот за песната „Жал ми е“

 На 280 страници, во книгата се опфатени сегменти од животот на Тоше, негови фотографии од настапи и од приватни албуми. На дружењето со Тоше се сеќаваат повеќе од 80 соговорници. Сеќавања за Тоше споделуваат членовите на најблиското семејство, сестрата Дора, зетот Славен Ристески, внукот Кристијан. Интересни случки од детството откриваат и неговите другари.

tose knigaЧитателите ќе имаат можност  да дознаат за почетоците на кариерата на македонската легенда, за  првите настапи и првата отпеана песна. Како се одвиваше неговиот професионален музички пат, спомени споделуваат македонските автори, изведувачи и продуценти, претставници на медиумите, како и познати имиња од светот на класичната музика и од спортот.

„Горди сме на овој проект и ова луксузно издание во кое покрај фактите за кариерата на Тоше и дел од приватниот живот збогатено е и со многу фотографии, од кои поголемиот дел досега не се објавени. Веруваме дека читателите нема да останат рамнодушни“, изјави претставник од фонданцијата Тоше Проески

kristijan tose„Станува збор за едноставна приказна, откорната од срце не само од мене туку и од сите соговорници, кои ги споделуваат своите сеќавања за Тоше од неговото најрано детство па се до моментот на неговото заминување, а се повеќе од 80. Мислам дека ќе ги исполни очекувањата пред се на фановите, бидејќи луксузната едиција и фотографиите прават ова дело да изгледа како светските едиции. Чувството да се биде автор на едно вакво издание е многу тажно и многу одговорно.

Со месеци го барав вистинскиот стил на пишување и сфатив дека треба да побегнам од новинарскиот стил и да продолжам да ги редам спомените на Тоше еден по еден.

Им благодарам на сите, на семејството Проески без кои оваа идеја немаше да се реализира, неговите пријатели и сите личности кои на некаков начин биле дел од неговиот живот“, вели за авторката за fashionel.

Повеќе фото на –fashionel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1