ЕМОТИВНО ВИДЕО: Роналдо се сретна со детенцето кое се разбуди по три месеци од кома по негов даден гол!


Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо имаше емотивна средба со полскиот тинејџер Давид Павлачик, кој помина три месеци во кома, а се разбудил во моментите кога португалскиот голгетер постигнал погодок.ronaldo-640x419

Роналдо се сретнал со семејството на малиот Павлачик и сите тие му беа специјални гости на дуелот против Легија.

Тинејџерот кобната несреќа ја имало во 2013 година, кога возејќи велосипед, бил удрен од автомобил. Давид тогаш паднал во кома и цели три месеци не се разбудил, се додека не слушнал коментарот како реагира на гол кој го дал Португалецот.

Сега Давид имаше можност и во живо да се запознае со својот фудбалски идол.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1