Ердоган се заканува: Повторно ќе урнеме авион ако се обиде да ја помине нашата граница!


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја секогаш ќе реагира како тогаш кога го собори рускиот воен авион, ако се повреди воздушниот простор.erdogan

„Ако денес повторно има повреда на воздушниот простор над Турција, ние сме спремни да реагираме на ист начин“, рече Ердоган и додаде дека Русите реагирале емотивно.

„Кажуваат дека Турција купува нафта од ИД. Сите знаеме од кој најмногу купуваме енергенти – од Русија, Иран Азербеџан и Ирак. Докажете дека купуваме од ИД, нека го докажат тоа тие кои не обвинуваат. Ако барате извори на финансирање на ИД, прво погледнете го режимот на Асад“, рече Ердоган.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1