Есма: Евровизија е забава за хомосексуалци, Лозано го штипкаа за задникот


Есма Реџепова, која заедно со Влатко Лозановски, ја претставуваше Македонија на годинешната Евровизија е целосно разочарана од ова музичко натпреварување и упати сериозни обвинувања велејќи дека зад целата организација стои геј лоби, пишува српскиот „Курир“.

Есма вели дека од некогашната манифестција, која своевремено ја сакала и следела, нема ни трага ни глас.

g_g_esma-i-lozano-1„Ова е нечуено. Само п*****! Оваа манифестација ја откупиле истите оние кои организираат геј паради по целиот свет. Јас досега сум слушнала сешто, но ова е прва пат да видам со свои очи што се случило со ова прекрасно музичко натпреварување. Не е ни чудо што не влеговме, бидејќи се гледа кој минува тука“, вели разочарано Есма.

Таа додава дека Лозано не можел ниту да излезе од хотелот, а уште помалку да отиде во Евроклубот.

„Таму веднаш го штипкаа за задникот“, вели македонската претставничка на Евровизија.

Есма и Лозано со „Пред да се раздени“ настапуваа на втората полуфинална вечер и при тоа го освоија претпоследното место, не успеавјќи да се пласираат во финалето.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1