EУ: 800 деца развиле нарколепсија по вакцинација за грип Х1Н1


Вакцина која се користи во борба против свинскиот грип е поврзана со нарушувањето на спиењето, нарколепсија, која е дијагностицирана кај 800 тинејџери низ цела Европа. Случајот предизвика дебата околу ризикот од имунизација и потенцијално голема закана за анти-вакцината.

h1n1vacЕвропскиот центар за превенција и контрола (ECDC) ги проучувал ефектите од вакцината „Pandemrix“, во осум европски земји, по високата појавеност на нарколепсија кај децата, откако им била дадена вакцината против свинскиот грип X1H1, во периодот 2009-2010 година.

Шведска и Финска забележаа пораст во спиењето кај нивните жители, по употребата на вакцината. Владите во двете земји истакнаа дека граѓаните биле вакцинирани со „Pandemrix“, кој беше единствена вакцина која се користеше во двете земји во тоа време.

Во Шведска кај речиси 200 деца на возраст од четири до 19 години била развиена нарколепсијата по примањето на вакцината во текот на тој период, додека во Финска ваквата бројка изнесувала 79.

grip 14 годишната Емилија Олсон, за Ројтерс изјави за ефектите од нарколепсијата со кои се здобил по примањето на инјекцијата.

„Во почетокот посакував да умрам, но понатаму се научив да се носам со работите“, изјавила Емилија.
Истражувачите откриле дека некои луѓе се родени со ген познати како HLA, што значи дека имаат низок Хипокретин, невротрансмитер кој ги регулира возбудата, расонетоста и апетитот.

Речиси 25% од Европејците ја имаат оваа генетска ранливост, оставајќи ги подложни на нарколепсија.
Кај Емилија било откриено дека има 15% од нормалното количество на Хипокретин, кое е одраз на луѓето кои страдаат од нарушување на спиењето.

A medical assistant holds up a H1N1 flu vaccine at a hospital in Belgrade
Научниците потоа почнаа да ја истражуваат врската меѓу оние со HLA варијантата и оние со АSO3 со цел да утврдат како реагира на имунолошкиот систем на пациентите.
Некои велат дека самиот грип X1H1 може да биде причина за почетокот на нарколепсијата, која сега се верува дека е автоимуна болест. Ангус Никол експерт за грип вели дека генетиката може да игра улога, но надворешните фактори се најчесто причина за нарколепсија.

„Постои генетска предиспозиција за ваквата состојба, но тоа не може да ги објасни ваквите случаи. Има исто така нешто што е поврзано со примањето на оваа специфична вакцина.

20091015_h1n1-influenza-vaccine_33

Дали е тоа поврзано само со генетската диспозиција или има и некој трет фактор, како на пример некоја друга инфекција, засега не може да се утврди“, вели Никол.
И покрај значителните маки кои што ги имала Емили и многу други како неа, ECDC, засега не пронашле статистичка поврзаност меѓу вакцината и инцидентите на нарколепсија во Велика Британија, Данска, Франција, Италија, Холандија и Норвешка.

Сепак оние кои што се запознаени со ваквите случаеви, уште пред да биде објавена студијата во Велика Британија, велат дека ваквите слични шеми се очигледни кај децата во тие региони.

Рецензираните студии спроведени независно од страна на научниците во Шведска, Финска и Ирска, констатираат дека ризикот од развој на нарколепсија во 2009 и 2010 година кога се водела имунизациска кампања, е зголемена помеѓу седум до 13 пати, кога се споредувале вакцинираните деца со нивните невакцинирани врсници.

20091026_flu-vaccine_39

Повеќе од 30 милиони луѓе во 47 земји биле заштитени со„Pandemrix“ кој бил произведен од страна фармацевската фирма во Велика Британија „GlaxoSmithKline“ во 2009 година.

GSK говори дека 795 луѓе низ Европа имаар развиено нарколепсија од кога ваквата вакцина е воведена.
Емануел Мигнот еден од водечките експерти во светот на нарколепсијата, кој бил финансиран од страна на GSK, со цел да ја испита врската меѓу нарколепсијата и „Pandemrix“, изјавил дека ваквата поврзаност е очигледна.
„Нема сомнеж дека пандремиксот е причината за појавата на нарколепсија кај децата во некои земји.

Веројатно во повеќето“, вели Мигнот, специјалист за нарушување на спиењето на Универзитетот Стенфорд во САД.
Европскиот регулатор за дрога оттогаш одлучи дека „Pandemrix“ да не се користи на луѓе помлади од 20 години.

h1n1-vaccine1
Со својот исклучително висок стандард на живеење, шведската влада беше на работ да ја спречи превентивната вакцинација.

Јавното здраство во Стокхлом кој помогна во организирање на кампањата за вакцинирањето, проценува дека како резултат на тоа биле спасени 30 до 60 луѓе.
Во 200 случаеви на нарколепсија, кои широко му се припишуваат на „Pandemrix“, официјалниот претставник на јавното здраство во Стокхлом, Горан Стиемстед, верува дека ризикот од бенефит-балансот бил неприфатлив.
Сепак проблемот со ваквите анализи за ризичен бенефит е тоа што често поризично изгледа кога светот се соочува со пандемијата, која има потенцијал да збрише милиони луѓе на планетата, отколку кога ваквата бројка се зголемува релативно.

USA - Swine Flu - Doctor Wears Mask While Seeing Patients„Во случај на тешка пандемија, ризикот од смрт е далеку повисок од ризикот од нарколепсија. Доколку ние потрошиме повеќе за развивање и тестирање на вакцината на голем број на луѓе и да видиме дали кај некои од нив е ќе се развие нарколепсијата, голем дел од населението би можело да биде мртво“, вели Давид Салисбуру директор на британската влада за имунизација.
Светската здраствена организација вели дека свинскиот грип убил повеќе од 18500 луѓе, додека една студија објавена минатата година, покажала дека ваквага бројка би можела да биде и 15 пати поголема.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1