ЕУ бара од земјите членки да преземат итни мерки за почист воздух


Европската комисија денеска од земјите членки на Европската унија да подготват итни мерки за обезбедување на чист воздух.

Еврокомесарот за животна средина Кармену Вела изјави дека Брисел бара од државите членки сериозно да пристапат на ова прашање, и дека досега не ги исполниле обврските поставени од Унијата.

– Обврските на државите повлекуваат и правни последици, изјави Вела, кој додаде дека годишно во ЕУ по 400.000 луѓе умираат од болести на дишните патишта.

По повеќе критериуми, ЕУ бара од 13 до 16 држави членки да преземат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во вкупно 130-ина градови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1