ЕУЛЕХ: 9 косовски судии, адвокати и функционери обвинети за корупција


EULEX посочи 9 косовски судии, адвокати и функционери кои биле поврзани со корупција

Во листата која се обелодени денеска е и името на поранешниот претседател на Приштинската општина Нухи Ука, судиите Олга Јаничевиќ, Санија Муколи, Шемсије Шеноли и Јехомир Милалич, Екрем Агуши, Ферид Бислими и Рахман Реткочери. Адвокатите Газменд Гаши и Хасније Балидемај.

Сите биле вмешани во коруптивни судски одлуки и тоа во 15 граѓански спорови поврзани со сопствеништво. Државна земја ја препишувале на приватни лица.

EULEX го посочи и поранешниот шеф на косовската антикорупциска комисија Назим Мустафи за 3 случаи на корупција. Тој беше уапсен во април за друг случај во кои зел 20.000 евра мито. Портпаролот на EULEX, Блерим Красничи за SETimes изјавил дека се истражуваат 62 случаи на корупција во Косово.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1