ЕВЕ ГО ТЕРОРИСТОТ – Снимен како игра и пее во Прешево откако ја минал Македонија (ВИДЕО)


На youtube се појави снимка на која наводно терористот кој учествуваше во нападот во Париз лудо се забавува во кампот во Прешево каде бил регистриран откако преку Грија влегол и ја минал Македонија.terorist pee vo presevo

Српските медиуми тврдат дека станува збор за А.А кој од Сирија преку балканската рута, прикриен меѓу бегалците влегол во Грција, Македонија,Србија и Хрватска влегол во Франција каде и го изврши терористичкиот напад.

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди во неделата дека еден од осомничените терористи за масакрот во Париз бил регистрирана на почетокот од октомври на граничниот премин Прешево, при влегување од Македонија, и оти барал азил.

Еден од осомничените терористи А.А, за кој се интересираат француските безбедносни служби, е регистриран на граничниот премин Прешево н а7-ми октомври, каде формално побарал азил, соопшти српското МВР.pasos terorist33

„Со проверки е утврдено дека неговите податоци се совпаѓаат со податоците на лице коешто на 3-ти октомври е идентификувано во Грција. За тоа лице немало распишано потерница на Интерпол“, се додава во соопштението и се додава дека ќе продолжи соработката со француските безбедносни служби.

Белградскиот весник Блиц објави дека „еден од терористите кои сееше смрт во Париз ја минал целата балканска мигрантска рута со сириски пасош на име Ахмед Алмухамед.

„Врз основа на овој пасош, француските безбедносни служби побарале помош од Србија, бидејќи знаат дека нашите служби ги регистрираат сите имигранти коишто влегуваат во Србија и имаат најкомплетна база на податоци за имигрантите на балканската рута“, тврди весникот. Во Србија ја минал проверката и сигурно е утврдено дека не бил вооружен, се додава во написот.

Атина во саботата објави дека станува збор за пасош на човек кој влегол на територијата на Грција на 3-ти октомври. .
Сопственикот на сирискиот пасош најдено на тело на бомбаш самоубиец кој учествувал во нападите во Париз, во октомври минал низ Грција, соопшти грчкиот министер за заштита на граѓаните, Никос Тоскас.

Според пишувањата на хрватските медиуми, истиот пасош кој е најден во Приз е регистриран и на преминот Опатовац. Весникот Jutarnji list пишува дека „доколку пасошот не е фалсификуван, тоа лице ги минало сите процедури како и секој друг имигрант“.

Засега нема информации од македонското министерство за внатрешни работи во врска со имигрантот кој, како што тврдат српските власти на нивната територија влегол од македонска страна, но може да се претпостави дека бидејќи немал проблеми при влезот на грчка територија и не бил баран од Интерпол, со истиот пасош ја минал вообичаената процедура и при влезот од Грција за неколку часа ја минал земјата и се префрлил во соседна Србија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1