Еве како ќе работат дежурните служби за празниците


Брза помош ќе работи редовно со 13 дежурни екипи. Тел. 194

Полицијата ќе има екипи распоредени на сите фреквентни локации каде што ќе биде организиран пречек на Новата година, а дополнително ќе бидат достапни за интервенции на повик. Тел. 192

Emergency-CallОд амбулантите на Здравствениот Дом – Скопје, поликлиниките Ѓорче Петров, Бит Пазар, Јане Сандански, Драчево, Ченто, Чаир и Шуто Оризари ќе работат во трета смена и ќе нудат 24 часовна грижа.

Авто-мото сојузот на Македонија ја нуди инфо линијата (02) 3 181 181, помош на пат 196 и состојба на патишта 15 555.

ЕВН Македонија ќе има дежурни екипи достапни на повик. Инфо бројот е 0890/12345, каде што може да се пријави и дефект.

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ќе работи со редуциран празничен возен ред, а за распоредот на тргнување автобусите, информации диспечерски центар 3 173 224, и њњњ.јсп.цом.мк. На 1.1. жичарата ќе започне со работа од 11 часот.

На новогодишната ноќ аптеките на Зегин ќе работат по своето редовно работно време, а дежурни аптеки кои работат секој ден 24 часа се во подземниот паркинг кај МОБ и онаа на бул. “Партизански одреди” кај Буњаковец. На Бадник аптеките ќе имаат празнично работно време од 17 до 20 часот, освен двете дежурни.

Противпожарната служба Скопје за празниците ќе работи во полн состав како и секој друг ден. Тел. 193.

Топлификација а.д. Скопје ќе работи како и секоја година со сите расположливи екипи, а за новогодишната ноќ нивните корисници ќе имаат греење цела ноќ.

Вечер

ЈП “Водовод и канализација” Скопје ќе имаат дежурни екипи, а корисниците ќе можат да пријават дефект на бројот 0800 22 555.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1