Еве како лесно да го исчистите загореното тенџере


Дури и на најискусните домаќинки често може да им се случи да им загори храната и да остави отпорни запечени нечистотии кои на изглед неможат да ја отстранат. Без разлика дали е во прашање загорено млеко, сос или друга храна, ви претставуваме два начина за ефикасно чистење на загорени садови.zagoreno tavce tendjere

Во загорен сад зовријте вода, во која е растворено малку прашак за пециво. Загорениот дел на садот на дното ќе се отстрани лесно. Кај садот со многу загорено се сипува и малку детергент и добро се трие со жица за чистење садови.

Или направете смеса од три лажици оцет, лажица сода бикарбона и две шолји вода. Поточно во изгорениот сад истурете вода и додајте оцет. Потоа ставете го садот на рингла и пуштете да зоврие. Кога ќе го тргнете од ринглата додајте сода бикарбона. Испразнете го садот и истријте го со грубата страна на сунѓерот. Ако нечистотијата е упорна, користете и жица за садови, а можете да додадете уште малку сода бикарбона.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1