Еве како сами да си направите Тури-потпечи во рерна


Можеби не е исто како и печено под вршник, но и оваа варијанта приготвена во рерна е повеќе од одлична. Уживајте во вкусот на традицијата.

  • turi-potpeciПодготовка: 10 мин.
  • Готвење: 1 ч 30 мин.
  • Вкупно: 1 ч 40 мин.

Состојки

  • 500 г брашно
  • 800 г вода
  • 40 мл маслиново масло (или маст)
  • 1 јајце
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер

Подготовка

  1. Готова смесаВо пластичен сад, со помош на миксер, измешајте ги сите состојки. Добиеното тесто, слично како за палачинки, оставете го барем половина час да одмори.
  2. Намачкано тавче со масло за готвењеТавата во која ќе го печете тури-потпечи, намачкајте ја малку со масло и ставете ја во рерна, на 240 степени, добро да се загрее.
  3. Прв слојСо лажица за супа, истураме смеса колку да се направи тенок слој како за палачинка. Печеме се додека не добиеме крцкава кора.
  4. Втора кораЈа вадиме тавата и повторно истураме тенок слој смеса. Печеме повторно се додека не добиеме убава и крцкава кора.
  5. Додавање на сирење врз коратаПродолжуваме да истураме и да печеме, но сега само со вклучен горниот грејач на рерната и со малку отворена рерна. По желба, наросуваме со сирење.
  6. Мачкање со маслиново маслоНа крај, го сечеме тури-потпечи, го мачкаме со слој маслиново масло и го печеме уште неколку минути или се додека не добие златно-кафена боја.
  7. Испечено тури-потпечиОставете го малку да се олади и послужете го со чаша јогурт, кисело млеко, сирење, ајвар…. Имајте добар апетит!

migusto.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1