Еве како жените ги вадат од такт своите мажи


Женската популација често знае да ги полуди мажите, но ситуацијата често може да биде и обратна. Овој пат ќе се задржеме за тоа што жените прават погрешно и со што создаваат стресови во нивната врска. Ова се најчестите работи кои жените ги прават, а мажите ги излудуваат.

1-neshta-koi-treba-da-gi-odbegnete-vo-kavga-www.kafepauza.mk_1. Постојано се грижат

Иако многу нема да се сложат, но често и несвесно, жените прават од мравка слон. Тие сакаат се’ да имаат под контрола па така сакаат да имаат испланирани денови од напред, понекогаш дури и со месеци. Мажите се оние кои сакаат да живеат ден за ден. Ако не е скршено тогаш не треба да се поправа, филозофијата која ја поддржуваат мажите. Жените пак, се грижат ако не се изгаснат светлата откако заминале од дома, и ќе се мачат за прашање како на пример што да ги послжуат гостите кои доаѓаат на вечера – непотребни ситници кои создаваат грижа и стрес.

Решение: Разговарајте со партнерот и кажете му што ве мачи. Дури и ако не дојдете до задоволувачко решение, полесно ќе се чувствувате кога сите карти ќе бидат на масата.

2. Приговарање

Жените имаат очи за детали. И токму поради тоа имаат тенденција да пронаоѓаат ситници кои постојано им пречат и поради кои приговараат. Меѓутоа, приговорите поради ваквите ситници мажите ги прават да се чувствуваат несигурно.

Решение:
Жени, престанете да приговарате. Кажете му на партнерот што ви пречи и слушнете што тој има да ви каже.

kavga3. Играње игри

Се вели дека мажите се едноставни суштества, а жените комплицирани. Тие често и несвесно играат игри со мажите за да ги насочат работите во нивна полза.

Решение
: Жени, бидете фер и искрени кон своите мажик, кажете им отворено што сакате и немојте да барате тој да ви ги чита мислите.

4. Критикување на неговиот изглед

Критиките во врска со тоа како изгледа може да му го намалат нивото на самодоверба. Жените често пати не сфаќаат колку мажите се чувствителни за својот изглед. Само затоа што не зборуваат за тоа, не значи дека не се грижат како другите ги доживуваат.

Решение: Направете вашиот партнер да се чувствува посебно. Давајте му комплименти на сметка на неговиот изглед.

5. Претерување

Жените се несвесно водени од нивните чувства па нивните реакции често пати се мошне емотивни, а понекогаш и претерани.

Решение: Пофалете го вашиот партнер кога ќе направи нешто добро. Не заборавајте да му заблагодарите за секоја мала ситница која е негов знак за внимание кон вас.

Факултети

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1