Еве кои автомобили ви го празнат џебот и ,,голтаат,, масло


Поновите возила не би требало да имаат проблеми со потрошувачката на моторно масло, односно меѓу две замени не треба да има дополнувања. Сепак, според најновите сознанија, некои нови мотори трошат повеќе масло отколку што е потребно, а истите наводно доаѓаат од производителите Audi, BMW и Subaru…kola palenje mk

Во годишната анкета на Consumer Reports, апелираше до производителите да ги направат потребните поправки, бидејќи за нови автомобили е неприфатливо да трошат литар масло од замена до замена.

Навистина се истакнуваат со потрошувачката:

– 2,0-литарскиот, 4-цилиндричен турбо мотор и 3,0-литарскиот V6 агрегат од Audi,Станува збор за Audi А3, А4, А5, А6 и Q5,

– 4,8-литарскиот V8 односно 4,4-литарскиот твин-турбо V8 мотор од BMW. BMW Серија 5, 6 и 7, како и X5.

– Subaru со 3,6-литарскиот, 6-цилиндричен агрегат како и 4-цилиндричните мотори со зафатнина од 2,0 и 2,5 литри. модели Outback, Legacy, Forester и Impreza.

Портпаролот на Audi, Бредли Стерк, вели дека тужбата против Audi поради прекумерна потрошувачка на масло кај 2,0-литарскиот турбо агрегат со четири цилиндри, е се’ поблиску до усогласување, но компанијата не сака да признае било каква одговорност.

Од BMW велат дека нивните стандардни мотори трошат по 1 литар масло на секои 1.200 километри, додека агрегатите на М моделите, под одредени услови, може да потрошат до 2,5 литри масло на 1.600 километри. Баварците, исто така велат дека тие веќе покренале кампања за проверка и евентуална замена на некои делови кај 4,4-литарскиот V8.

Портпаролот на Subaru, Мајкл МекХејл вели дека потрошувачката на моторно масло варира зависно од начинот на кој се користи возилото. Според него, мнозинството на Subaru модели функционираат во рамки на спецификациите, а новите модели дури направиле и напредок на тоа поле во однос на оние од 2010-та.

koli.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1