Еве кои пореметувања ги имате поради висење на интернет


Многумина не можат да го замислат својот живот без компјутери, мобилни и интернет.

 

Во земјите како Кина, Јужна Кореја и Тајван, веќе постои дијагноза за пореметувањето поради интернет зависноста, па некои информации говорат дека дури 30 % од тинејџерите во тие земји зависат од интернетот.

Зависноста на интернетот од следната година ќе биде ставена на листата на ментални пореметувања.
Меѓу симптомите на интернет зависноста спаѓаат преокупацијата со интернетот и онлајн игрите, губитокот на интерес за други работи, неможноста на контрола на времето додека е онлајн. Чуството на повлеченост кога не му е достапен интернетот итн.

На иконографикот кој е објавен на Mashabelu е објаснето што е тоа поради кое што луѓето стануваат зависни од интернетот и друштвените социјални мрежи, а наведено е дека секоја примена вест преку Facebook влијае на зголемување на допаминот – невротрансмитерот во мозокот, кој е поврзан со чуството на мотивација и наградување, а неговото ниво се зголемува за време на употребата на наркотични дроги.


„Колку е опасна зависноста од интернетот покажува и податокот дека од 2000 година до денес, колективното време на внимание во САД е намалено од дванаесет на осум секунди, додека намален е и фокусот на луѓето за 40%.
Времето кое што тинејџерите го поминуваат пред екранот е зголемен за дури 104%. Денеска луѓето минуваат реиси 8,5 часа на ден.

Оние интернетските зомби имаат 10 до 20 % помали делови во мозокот задолжени за емоциите, говорот, паметењето и моторичка контрола, а интересно е тоа што корисниците на Facebook со поголем број на пријатели имаат развиено подрачје во мозокот за емоции и друштевно однесување.
Лечењето од оваа зависност е речиси незамислива, поради тоа што овие алатки стануваат секојдневна активност и голем број на луѓе не можат да го замислат својот работен и приватен живот без интернетот. Еден од препорачливите третмани е когнитивно-бихевиорална терапија, преземање контрола над користењето на комјутерите, зголемување на мотивацијата, друштевните активности, сексуални функции и зголемување на офлајн активностите.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1