Еве кој апарат за домаќинство кога е програмиран да се расипе


Во последните години на пазарот техничките и куќните апарати се многу поевтини, но затоа помалку траат. Европскиот потрошувачки центар го истражувал феноменот на брзото расипување на апаратите за домаќинство и дошол до заклучок дека тие побрзо се расипуваат затоа што производителите намерно прават полоши производи, кои практично се „програмирани“ да се расипат по одреден број користења.televizor

Во извештајот на овој центар се наведува дека механичките уреди намерно се подесуваат да работат без дефект онолку часа колку што им трае гаранцијата, а во електронските уреди намерно се „уфрла“ софтверска грешка или се вградува дел со полош квалитет.

Машината која ќе ви се расипе веднаш по истекот на рокот веќе е застарена, а во продавниците тогаш веќе се наоѓа нов модел. На овој начин, Европскиот потрошувачки центар, се користи трик со кој производителите сами креираат побарувачка за својот производ.

„Тоа значи дека производот е направен така што кога ќе откаже само еден негов дел, целиот уред престанува да функционира“, се наведува во извештајот.

Според Европскиот потрошувачки центар, ова е „вградениот“ рок на употреба на уредите што ги имате дома:

– мобилен телефон – 18 месеци

– пегла – 4 години

– фрижидер – 7-10 години

– електричен шпорет – 7-10 години

– фен – 5 години

– машина за перење – 5 години (или 2.500 употреби)

– телевизор – 2 години (или 20.000 часа гледање)

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1