Еве на што да внимавате кога стартувате ладен автомобил


Оние кои не поседуваат гаража, ги очекува чистење на ветробранското стакло. Сега нема да пишуваме за тоа како најлесно да го исчистите мразот од стаклото, туку за тоа на што треба да внимаваме кога ќе стартуваме ладен автомобил, но и како добро да го загрееме.sneg-top-5-1

Возење со ладен мотор

По подолго стоење на возилото со исклучен мотор, маслото се слева во картерот, така што при покренување на моторот се создава најголем отпор и трошење на неговети делови, бидејќи во тој момент се најмалку подмачкани. Кога моторот ќе се покрене и додека не постигне работна температура, треба да се вози со ниски обртаи. Дизелите максимално до 2.000 обртаи, а бензинците до 3.000 обртаи, без нагли забрзувања. При ниски температури работна температура моторот достигнува за околу 4-5 километри возење.

Избегнувајте заревање на моторот во место

Како поради еколошки, така и поради финансиски причини, нема потреба да го загревате моторот во место. Имено, при таквото загревање, се загрева само моторот, но не и останатите делови од механиката, како мењачот.

Разладете ја турбината

Речиси сите денешни дизел мотори, а и дел од бензинските, поседуваат турбина. Доколку сте еден од сопствениците на турбо мотори, секако внимавајте на неговото ладење. Имено, многу е штетно за турбината да го исклучите моторот веднаш по форсирање вожња на високи обртаи. Ако пред запирањето не сте успориле, тогаш секако оставете го моторот да работи во место две-три минути.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1