Еве што се ќе има новиот Луна-парк – детски, адреналински и семејни реквизити


Изградбата на новиот Луна парк во Скопје ќе почне следната година и ќе се одвива во фази. Предвидено е новиот Лина парк да се изгради за две години односно до 2018-та година. Според Предлог одлуката за изградба на Забавен парк ( Луна парк), за која советниците на Град Скопје ќе расправаат на закажаната седница следната недела, предвидено за реализација на проектот да се набават следните реквизити:luna5

Адреналински реквизити – 2 парчиња,

Семејни реквизити – 6 парчиња,

Детски реквизити – 18 парчиња,

Новиот Луна Парк ќе се гради на локацијата на стариот Забавен парк, на површина од 84.040 метри квадратни. Првично беше предвидена површина од 26.563 м2, со можност површината на локацијата на постоечкиот забавен парк да се зголеми до 40.000 м2.

Носител на инвестицијата за изградба на Луна паркот е Градот Скопје, а прите за изградба, набавка и монтажа на реквизитите ќе се обезбедат од Буџетот на Град Скопје. За следната година од градската каса за реализација на овој проект се планирани 3.845.528 евра.luna park

Според проектот, предвидено е во новиот Луна парк да има и административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со Европските стандарди за безбедност, објекти за служење на храна и пијалоци, дел за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг простор, соодветна техничка инфраструктура, тематизација на паркот. Од Градот посочуваат дека со инвестицијата се очекува да се генерираат зголемени приходи од работењето на забавниот парк,кој ќе има капацитет на годишна посетеност од 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години. Дополнително Советот на Град Скопје со посебна одлука ќе го уреди управувањето со објектите и опремата(реквизитите) во Забавниот парк.

Предвидено луна паркот да има ,,луда железница” и адреналински столб. За децата ќе има летачки рингишпил и балонски замок. Во Луна паркот ќе има и кино, водени тобогани, автодром и летачки рингишпил. Предвидено е да се изгради и набљудувачка кула покрај ресторанот во паркот од каде ќе се гледа целиот парк и зоолошката градина, а исто така ќе биде подигнат и воз на столбови кој ќе се движи низ целиот парк.luna6

 

MK News

Автор инфо

One Response to “Еве што се ќе има новиот Луна-парк – детски, адреналински и семејни реквизити”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.