Европол ги објави најбараните криминалци, меѓу нив Балканци на кои не може да им се најде траг (ФОТО)


Од 1-ви декември во наредните 23 дена дневно ќе објавуваме по еден бегалец од по една членка на ЕУ – изјавил портпаролот на Европол, Гералд Хестер.

Божиќниот или адвентски календар, со кој во католичкиот и протестантскиот свет се одбројуваат деновите од 1 декември до Божиќ, се прави во многу облици и форми, од фотографии до чоколади, а Европол оваа година носи своја, нешто поразлична верзија – онлајн календар со најбараните криминалци во Европа.evropol-640x428-1

Лицето за кое е издаден налог за апсење во даден ден ќе биде истакнато на социјалните мрежи, вклучувајќи ги Твитер и Фејсбук, рекол Хестер.

Станува збор за криминалци осудени за сериозни кривични дела како убиства, киднапирања, тероризам и трговија со дрога, кои моментално се во бегство.

-Сите тие се во бегство и бегаат од одговорност и казна, рекол портпаролот.

Календарот започнал со 60-тиот австриски бегалец Тибор Фоко, за кој е распишана потерница за убиство на проститутка во март 1986 година.

Осуден на затвор, Фоко побегнал додека бил на отсуство во 1995 година, наведено е на сајтот на Европол, а за информациите кои би довеле до негово апсење понудена е награда од 2.900 евра.

Меѓу бараните криминалци се и Хрватот Марјан Видовиќ, долгогодишен директор на Штедилница за обнова и развој, серискиот ограбувач на банки Бијан Драгичевиќ, исто така Хрват, и Словенецот Дарјан Јешовник, шверцер на дрога.

Откако во јануари била активирана оваа веб страна, биле уапсени 24 најбарани криминалци, при што девет апсења биле директно поврзани со вниманието на медиумите и дојавите на граѓаните, наведува Европол.

-Се надеваме дека на луѓето ќе можеме да им дадеме добар подарок за 24 декември, со тоа што ќе уапсиме некој од овие бегалци”, рекол Хестер.

Кои се најбарани криминалци во Европа, можете да погледнете ТУКА.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1