Евтините зимски гуми можат да ве чинат многу скапо


Евтините гуми се лош избор и за лете и за зимо. Последното тестирање на евтини зимски гуми од азиските и источноевропските марки ги открива големите слабости кај овие гуми. 

За тестирањето беа избрани гуми од најнискиот сегмент на цени, со димензии 205/55 R16 91H, како едни од најпродаваните димензии на гуми. Резултатите навистина се застрашувачки!zimski gumi

Евтините зимски гуми на тестот сé уште покажуваат задоволителни резултати при сопирањето и при управливоста на подлога покриена со снег, но затоа големото трезнење следува кога автомобилот ќе се најде на влажен пат или на растопен снег. При запирање од брзина од 100 километри на час, најлошата гума на тестирањето има за дури единаесет метри подолг пат на сопирање во споредба со просечна гума од средната класа од европските производители. Тоа во најлошиот случај може да повлече незгода со тешки последици.

Возило со евтини гуми би се забило со 40 km/h во возило со нормални гуми што веќе запрело

Подеднакво заплашуваат и податоците за преостанатата брзина при запирање од 100 km/h. Додека тест-возилото со референтните гуми запира во место веќе по 50 метри, другите возила со монтирани евтини зимски гуми пролетуваат покрај него со брзини и до 41 километар на час, за да запрат дури десетина метри подоцна.

Евтините гуми ги покажуваат своите слабости во споредба со референтните гуми уште при поаѓањето од место. Во сите подрачја се бележат слабости: Слаб контакт со подлогата, недоволно странично водење, губење на правецот при нагло одземање гас или запирање во свијок дури и при многу ниски брзини, пролизгување.

Зимските гуми од Азија и Источна Европа со димензија 205/55 R16 91H се тестираа на два стандардни и идентични модели на Volkswagen Golf. За споредбата послужи зимска гума од марката Dunlop. Тестирањето беше извршено на две патеки за тестирање гуми во Финска и во Германија. За прецизноста на мерните резултати се погрижи специјален хардвер и софтвер од последната генерација, за на крајот резултатите да бидат анализирани од врвни експерти за автомобилски гуми.

Резултатите од тестот на евтини зимски гуми

МАРКА ПАТ НА СОПИРАЊЕ ПРЕОСТАНАТА БРЗИНА
Linglong R650LL 61,3 m 41,4 km/h
Achilles W101 59,7 m 38,8 km/h
Racealone Snoway I 59,0 m 37,4 km/h
Ovation W586 57,9 m 35,2 km/h
Kormoran Snowpro B2 57,5 m 34,3 km/h
Infinity INF 049 56,5 m 32,0 km/h
Champiro Winterpro 53,7 m 23,6 km/h


Извор:
Automedia

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1