Eзерото ја поплави плажата Метропол – нивото продолжува да расте (Фото)


Во Охрид надојдената вода од Охридското Езеро ја поплави плажата кај хотелот Метропол. Целосно е потопен еден од бетонските мостови на плажата, а дрвениот е целосно оштетен од силните бранови.

ohrid44Нивото на Охридското Езеро според последните потврдени информации е на 694,04 метри надморска височина, што е 29 сантиметри над максимално дозволената кота. граѓаните на Охрид и околните населби, велат дека со децении наназад не паметат толку надојдено Езеро.

 Надојденото Езеро „проголта“ голем дел од плажите на источното крајбрежје, а под вода се големи површини во непосредна близина на Езерото. Студенчишкиот канал веќе наместа се излеа од коритото, тревнатите површини на излетничкиот локалитет Билјанини извори се под вода. Водостојот претставува голем проблем за Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

Поради високиот водостој некои од шахтите на цевководите од системот се под вода, така што доаѓа до мешање на таа вода со отпадните води од фекалната канализација, а колекторот нема капацитет да ја прими сета таа вода.

Фото – Ohrid news

ohrid33

ohrid 22

ohrid44

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1