Фалц патики пронајдени во поранешни хангари на Лавовите


Магацините во кои е складирана најголемата количина патики и кондури откриени досега, се наоѓаат во поранешните хангари на АРМ кои ги користеа и припадниците на поранешната единица Лавови, информира МВР. Тие се наоѓаат на патот Скопје-Приштина.

Zapleneti-patiki

Пронајдени се  17.000 пара патики и кондури во сите броеви и од најразлични фалсификувани брендови.  Адидас, Најк, Пума, Тимберлејк се само дел од копиите на познатите марки на обувки кои ги пронашла полицијата.

Првичните испитувања на царината се дека стоката не е декларирана, нејзината набавна вредност изнесува неколку десетици илјади евра а малопродажната цена достигнува и над половина милион евра. Според првичните проценки од затаен данок државата е оштетна за околу 15 милиони денари.

До сега никој не е уапсен но на лице место полицијата и царината пронашле човек кој го чувал објектот. Допрва ќе се утврдува кој стои зад оваа голема пратка. За сега е разговарано со повеќе лица, против едно лице е поднесена прекршочна пријава за сторен царински прекршок. Истрагата за целосно расчистување на случајот продолжува.

Ова е еден од неколкуте хангари  стари повеке децнии кои биле во сопственост на АРМ, во 2001 ги користела специјалната единица Лавови но последниве години се напуштени и за нив според надлежните се води постапка за денационализација. Но некој си се вдомил овде па си го користел овој хангар како свој магацин. Големите количини ѓубре сведочат дека и претходно овде нешто било складирано.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1