Фатена на дело: Што собарките навистина прават во собите (Видео)


Задолжени се да ја сменат постелнината, да го отстранат ѓубрето и да го исчистат тоалетот, меѓутоа покрај сето ова, собарките во хотелите очигледно се и малку пољубопитни околу личните предмети на гостите, а доказ за тоа е видеото кое за кратко време го обиколи светот.

Станува збор за видео снимка направена неодамна, во неименуван хотел во САД. Видеото е дело на турист кој одлучил да ја остави вклучена камерата од својот компјутер, се со цел да сними што навистина прават собарките додека ги средуваат собите на гостите

sobarka-cisti-neo-01 Така, на видеото кое веќе го погледнале повеќе од милион корисници на интернет севисот “YouTube”, може да се види дека, покрај тоа што ја брише прашината, го чисти тоалетот и ја менува постелнината, собарката исто така се обидува да користи и дел од личните предмети на гостинот.

“Ова се случи на 5ти ноември, 2014 година. Престојував во познат хотел и ги оставив сите мои лични предмети на достапно место во собата. Очигледно, нема повеќе тоа да го првам”, напишал корисникот кој го објавил видеото на споменатиот интернет сервис.

На видеото може да се види како собарката се обидува да провери што има во пакетот кој гостинот го добил претходно, ја разгледува конзолата за играње на игри, се обидува да пристапи кон компјутерот и на крајот, се обидува да го вклучи таблетот.

Како што е прикажано на видео снимката, собарката ги менува чаршафите од креветот, меѓутоа набрзо повторно се посветува на личните нешта на гостинот, љубопитно разгледувајќи го неговиот куфер.

Додека за еден дел од оние кои го погледнале видеото, истото “не е ништо страшно”, другите преку коментари под видеото го истакнале своето незадоволство, нагласувајќи дека станува збор за брутално нарушување на приватноста.

“Токму ова е причината зошто никогаш не сакам собарките да ја средуваат мојата соба. Едноставно, барам неколку чисти пешкири и најчесто на рецепцијата нагласувам дека не сакам никој од вработените да влегува во мојата соба”, гласи коментарот на еден од оние кои што го погледнале видеото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1