ФБИ ги крие документите кои ги зеле од собата на Тесла


Веднаш штом дознале за смртта на Тесла, агентите на ФБИ имале само една цел – да го запленат целиот негов имот. Куферите преполни со нацрти ги однеле во непознат правец и до ден денес се’ уште не се знае што пишувало во нив. Собата била запечатена.

nikola teslaНаредбата била дадена од директорот на федералното истражно биро, Џон Едгар Хувер. Собата била запечатена.

Собата на Тесла со погледн на њујоршкиот Менхетен денес се изнајмува за 200 долари ноќевање, а на рецепција гордо истакнуваат дека генијалецот бил нивен долгогодишен гостин.

Никола Тесла починал сам и сиромашен на 87 годишна возраст во хотелска соба на 33 спрат во њујоршкиот хотел „New Yorker“ во кој живеел последната деценија од неговиот живот. Починал на 7 јануари, пред 70 години,

Му ги украдоа откритијата 

Голем број откритија на подрачјето на електричната енергија беа токму откриени од Тесла, а Паар тврди дека многу пати овие откритија му биле украдени.

TESLA18WEEK2FULLBRIGHT3000_thumb– Тесла тврдел дека го видел електронот во 1891 година и објавил труд за него. Британскиот физичар Томсон тогаш го нападнал дека тоа се глупости, а неколку години после тоа тој доби Нобелова награда за откритие на електроните – вели Паар.

Паар тврди дека Никола Теста навистина бил одличен физичар. Со само четири центи, неколку песни и цртежи Тесла се упатил во Америка за да изгради кариера. Го измислил радарот и му го понудил на Американската војска. Го одбиле сметајќи дека нема да функционира.

Една година пред Ронтген ги открил Х зраците и нивната примена во медицината, но дури 30 години пред останатите физичари Тесла направил забрзувач на честички кои се користат во експерименти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1