ФБИ уапси 2 македонци – краделе кредитни картички


Во голема акција на Американското Федерално истражно биро (ФБИ) заедно со полициите во 12 држави, меѓу кои и македонската полиција, разбиен е меѓународна организирана група на крадци на податоци од кредитни картички. Меѓу уапсените и 2 македонци.

Двајца наши државјани биле дел од голема криминална мрежа. Нивниот идентитет засега не се открива. Но според македонската полиција при претрес на нивните домови пронајдени се компјутери и компјутерска и мемориска опрема.

Според канцеларија на ФБИ во Њујорк, операцијата „Кардшоп” траела две години и во неа, покрај американските, биле вклучени агенти од уште 12 земји:

Австралија, Босна и Херцеговина, Британија, Бугарија, Германија, Данска, Италија, Јапонија, Канада, Македонија, Норвешка и Франција.

Во вторникот во САД биле приведени 11 лица државјани на САД, како и по едно лице во Италија, Норвешка и Јапонија.

Во Австралија, Канада, Данска и Македонија акцијата е сеуште во тек.

Спасени биле 400.000 лица чии податоци веќе ги обезбедила криминалната група. Претходно истата група украла околу 205 милиони долари преку украдени информации од картичките.

Обвинителот на Менхетен Прит Бхарара изјави дека ова е голем успех за борбата против интернет криминалот.

Еве го и официјалниот документ издаден од ФБИ во врска со апсењето.

Во него стои дека и македонската полиција вршела претреси и испрашувања, но сеуште нема информации дали се уапсени македонците, односно дали против нив е веќе поднесена кривична пријава.

Cardshop Arrests Pr Final

Share Button

Tags: , , , , , , , ,

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1