Фејсбук бајка: Такто си го пронашол 20 години изгубениот син преку фејсбук, и повторно се заљубил во неговата мајка



Американскиот авијатчар Дон Гибсон, по цели 20 години успеал преку социјалната мрежа фејсбук сосема случајно да си го поврати загубеното семејство.

Гибсон ја раскажува среќната бајка говорејќи дека покрај тоа што успеал да си го види синот Крег, тој и повторно се заљубил во неговата поранешна сопруга Криси.

Дон кој потекнува од Тексас се запознал со Криси во ресторан во време кога бил стациониран во Велика Британија. Двојката се венчала во 1989 година, а набргу потоа го добиле и Крег.

Поради работните обврски во авијацијата, петчленото семејство, заедно со уште двете деца на Криси од претходниот брак, сите заедно отпатувале во Америка. Но, поради одредени правила на војската, семејството морало многу брзо да се врати во Англија.

Криси веднаш се пожалила до одговорниот командир на Дон, а истиот му порачал на Дон дека неговото семејство е негова одговорност, но во никој случај не смеел да ги прекрши правилата на војската.

Следната година, Дон бил прекомандуван и морал да отпатува за Америка. Војската не му дозволила да ги земе со себе двете вонбраничи деца на Криси. Оттука Криси била приморана да одбере дали ќе остане во Англија со нејзините три деца, или пак да отпатува со Дон и Крег во Америка. Се одлучила да остане во Англија.

И двајцата секојдневно контактирале по телефон и си испраќале писма и разгледници. Но, како што минувало времето до секое наредно слушање минувале денови, недели, а понекогаш и месеци за да на крајот, со менувањето на своите домови – и на Дон во Америка и на Криси во Велика Британија, целосно ги прекинале сите контакти.

Крег имал неколку обиди за да го пронајде својот татко, испраќал 150 пораки на Фејсбук на сите луѓе кои што го носеле презимето Гибсон во Тексас. И Криси се обидела преку телефонските именици да го побара бројот на Гибсон во Тексас, незнаејќи дека Дон веќе се преселил во Орегон. Не можејќи да се пронајдат едни со други и двајцата продолжиле со своите животи. Дон се преженил, но набргу потоа неговата втора сопруга починала, додека Криси пак со својот трет сопруг подоцна се развела.


„На дванаесетгодишна возраст се обидов да контактирам преку Мајспејс, Фејсбук, им пишував на луѓе се јавував на броеви кои што ги имавме од него, но секој пат доаѓав до ќорсоќак“, изјави Крег во едно од интерјута по пронаоѓањето на неговиот татко.

Обиди да го пронајде своето семејство имал и Дон, кој што контактирал и со Скотланд Јард, а ангажирал и приватни детективи. Дури го купил и свјот прв компјутер во 1997 година во обид да дојде до некаков контакт со нив, но попусто.
Се додека еден ден не забележал една од емисиите на популарната американска водителка Опра Винфри, во која што видел како едно семејство се обединило благодарение на социјалната мрежа Фејсбук.
Дон веднаш направил профил и почнал да трага. Тој на Фејсбук го пронашол полубратот на Крис, Крег детето од првиот брак на Криси. Му пишал:

„Дали знаеш кој сум? Дали би сакал да дознаеш? Прашај ме што те интересира. Исто така пренеси и на мајка ти дека сум ја поздравил. Постојано мислам на вас, се надевам дека сте добро. Се надевам дека ќе се слушнеме многу набргу.

Крег ја повикал неговата мајка во истиот момент. Крис пак се уплашила дека нешто страшно се случило, додека Крег извикал:
„Тоа е тато, тоа е тато. Ми рече да го видам неговиот профил и кога го видов не ми се веруваше“.

Дон и Криси разговарале цела ноќ и повторно се родила љубовта меѓу нив.
Кога Крег се вратил од работа го пронашол лаптопот во кујната и неговиот татко на Скајп. Тоа се случило на 16 јуни, ден пред големиот празник денот на таткото. Крег му го честитал веднаш големиот празник и правеле муабет цели пет часа. Семејството се надева дека ќе се обедини на 23 тиот роденден на Крег. Криси се радува на тоа што ќе може да ги види своите двајца омилени мажи заедно после неверојатни 20 години.
„Тие се премногу слични, ова е неверојатно. Мислам дека Крег изгледа идентично како и неговиот татко. И двајцата пијат виски и двајцата свират на гитара“, изјави пресреќната Крис.
Четириесет и пет годишниот Дон пак изјави дека сега љубовта меѓу него и Крис е поголема од тоа што некогаш била.

„Повторно можеме да бидеме семејство. Ова е нашата бајка од сништата. Мислам дека моите среќни ѕвезди беа заменети со модерната технологија, бидејќи да не беше таа, ние немаше да се видиме повторно“, изјавил пресреќниот Дон.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1