Фејсбук има намера да ги укине лозинките за пријавување


Фејсбук во текот на својата годишна конференција за развојни програмери – Ф8, претстави сервис кој се смета за преодно решение кое со време ќе овозможи целосно укинување на лозинките.

Сервисот Delegated Account Recovery моментално е во затворена бета фаза од развојот и е замислен да овозможи замена на лозинките за пристап на разни сервиси со онлајн корисничкото име и лозинка која ја користите при логирање на Фејсбук. Поточно, Фејсбук треба да го замени меилот и телефонскиот број при потврдување на идентитетот со двостепена проверка.131204130551-facebook-password-620xa

Во Фејсбук се сигурни дека таквиот пристап е побезбеден од ресетирањето на лозинката на меилот и постабилен од користењето на телефонскиот број, како и дека е поволен за луѓе кои почнуваат да користат интернет и имаат кориснички профил на Фејсбук, но не и меил адреса или број на телефон.

Како некој може да се регистрира на Фејсбук без мејл адреса или број на телефон, не открија.

Така Delegated Account Recovery би можел да знае кога го користите за пристап на е-банкарство, но не би ги преземал податоците поврзани за вашата банкарска сметка.

За да се намали можноста од злоупотреба, ќе бидат поставени мерки за заштита како ограничување на бројот на сервисите на кои можете да го обновите пристапот одеднаш, како и аларми во случај на сомнителни активности.

Развојните програмери моментално мора да се пријават за да можат да ја користат новата алатка, но во Фејсбук планираат тоа да биде софтвер со отворен код. Решението на Фејсбук е само едно во низата обиди за отстранување на лозинките во работата со компјутери и паметни телефони, со кои моментално доминираат биометриски решенија, како отпечаток од прст, скенирање на ретината и препознавање на лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1