Финансиски тајни на Амишите поради кои се толку успешни во бизнисот


Во последните дваесетина години бројот на Амиши во САД двојно се зголеми. На многумина нивниот таен свет им стана подостапен и појасен, откако последните години почнаа да се појавуваат во реални шоуа и емисии, во кои тие се во главните улоги.

Но, една работа која многу не ја знаат за овие традиционални и по мислење на други „затупени“ луѓе, е дека тие повеќе од добро управуваат со своите финансии.315864_amis1-foto-ap_f

„Некои Амиши се многу добри во бизнисот“, вели Ерик Веснер, основач на страницата Amish America и напоменува дека иако за нив не се зборува во јавноста, меѓу нив има голем број милионери.

Нивните бизниси и стратегија не се потпираат на модерните благодети како струја и технологија, но и понатаму добри им оди благодарение на овие тајни:

Го ценат искуството повеќе од материјалните добра

Амишите купуваат работи кои се изработени да траат, тие не купуваат нешто што е маркетиншки познато. Тие секогаш размислуваат пошироко и долгорочно, изјави Лорил Кракер, авторка на книгата „Паричните тајни на Амишите“. Тоа не значи, вели Лорил, дека тие не трошат пари за забава, секако дека трошат, но работите кои ги купуваат секогаш имаат повисока вредност.

Штедат и секогаш на страна оставаат 20% од нивите приходи

Просечен Американец штеди само 6% од своите приходи. Еден Амиш по 20 години работа на изнајмена фарма и издржување на семејство со 14 деца, успеал да заштеди 400.000 долари. Тој имал план, а планот за еден Амиш е светост, неговиот план бил да купи сопствена фарма и трамболина за децата.

Ги презираат долговите и ретко користат кредитни картички

Иако некои членови од заедницата на Амиши користат кредитни картички, многумина сеуште чувствуваат аверзија кон долговите. „Додека ние во текот на ноќта се будиме размислувајќи колкав долг имаме на кредитните картички, Амишите спијат мирно“, вели Кракер.amishi

Наместо да земаат кредити тие работат дополнителна работа

Амишите попрво ќе започнат да работат уште една работа, отколку да се задолжат во некоја од банките. На пример, еден Амиш кој бил градежен работник и ја загубил својата работа поради рецесијата, ќе научи да изработува некој помал објект од зградите, тој ќе го приспособи производот според потребите и можноста на околината. Или жената Амиш која останала без работа, веднаш ќе започне да одгледува цвеќиња во својата градина со цел да ги продава и повторно да заработува за живот. Снаодливоста кај Амишите е вродена способност.

Ако сепак се задолжат го враќаат долгот навреме

Ако веќе се задолжиле, што ретко е случај, Амишите деноноќно ќе работат за да го исплатат својот долг навремено. Тие на банкарите им се омилени клиенти. Ако некогаш се задолжат, тоа ќе го направат со цел да купат фарма и да имаат на што да произведуваат и работат. А обичните граѓани многу често знаат да земат кредит и за некое луксузно летување.

Тие се вешти и одлични работници

Многу Амиши кои не сакаат да бидат фармери се свртуваат кон други професии, тие изработуваат мебел, а тој мебел најчесто го продаваат надвор од својата заедница. Нивните производи се многу ценети и многу барани поради тоа што нивната изработка е со врвен квалитет. Токму затоа, нивните вештини се бараат и во надворешниот свет, во кој Амишите започнаа да се вработуваат откако беа погодени од глобалната рецесија.

Имаат „здрав“ пристап кон приватниот бизнис и како мали претпримачи се успешни во 95% од случаите

95 проценти од малите претпримачи од заедницата на Амиши ја преживеаа петгодишната криза во САД. Во кризата преживеаа само 50 проценти од малите претпримачи во САД.

Кракер вели дека тоа е така поради тоа што секој Амиш кој е сопственик на фирма има волја да му помогне на својот работник да ја одработи својата работа. Тој нагласува дека тој позитивен однос меѓу претпоставениот и работникот носи поголем профит. „Сопственикот не шефува, туку работи со својот работник. Мислам дека така се гради кредибилитетот, а тоа работниците го ценат“, вели Веснер.

Ретко нешто фрлаат, а рециклажата ја довеле на максимално ниво

Кога облеката е толку многу оштетена што повеќе не може да се носи, Амишите не ја фрлаат во ѓубре, тие од неа прават стари крпи кои повторно ги користат. На овој начин рециклираат повеќе работи, односно ги наменуваат за нешто друго за кое ќе им користи. Тие велат дека се може да се искористи повеќе пати и на повеќе начини.

Купуваат на големо

Бидејќи едно просечно семејство кај Амишите има од шест до осум деца, тие практикуваат купување на големо. Со купувањето на намирници на големо се штеди. Тие ги пратат сите акции на производи и се обидуваат сите производи да ги купат на попуст или промоција.

Штедат и на подароците

Амишите штедат и со подароците. Тие најчесто подаруваат работи кои сами ќе ги изработат, наместо да ги купат во продавниците тие ќе направат копија од саканиот поклон, според нив, се може да се изработи.

Им позајмуваат пари на помладите Амиши

Секое семејство кај Амишите е организирано како семејството на мравките. Кога еден член од Амишите треба да се осамостои, тој добива голема помош и поддршка од постарите, но за сето тоа да го научи како лекција тие не му подаруваат пари, тие му позајмуваат за да научи колку вредно треба да работи за да ги врати.

Одгледуваат сопствена храна

Амишите често сакаат да јадат убава храна. Многумина користат традиционален начин на одгледување на храната, се што собира во нивниот двор тие сами ќе го произведат. Но лицата во САД тежнеат да живеат мондемски, тие купуваат многу скапа храна која органски е произведена и не размислуваат колку поскапо ќе ја платат. Амишите се досетиле да го следат овој тренд и да изработуваат органска храна од која многу профитираат.

Тие се најретките корисници на социјална помош

Амишите се најретките корисници на социјална помош во светот. Тие не сакаат да добиваат работи без труд и токму поради таа особина не практикуваат да земаат социјална помош. Тие се сметаат за вредни работници и сите свои пари ги заработуваат со свои раце. За оние кои земаат пари од социјална помош, тие сметаат дека се неработници, нечесни и несовесни лица.

Lider.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1