Форд и подарува на саудиска активистка автомобил од нејзината мечта


Американскиот производител на автомобили, Форд, одлучи да ѝ подари автомобил на активистка од Саудиска Арабија, која ги брани правата на саудиските жени да возат.

– Би сакале да ви подариме автомобил од вашата мечта, се наведува во објавата на Твитер на Одделот на Форд за Блискиот Исток.

Подарокот е за Сахар Насиф, која водеше долгогодишна кампања за правото на жените да возат во Саудиска Арабија. Пред извесно време, таа рече дека омилен автомобил и е Форд Мустанг и сега компанијата и го подарува.

На 26 септември, Саудиска Арабија ја укина забраната жените да возат. Се очекува ова да донесе милиони нови возачи (од понежниот пол) во Саудиска Арабија. Големите автопроизводители веќе бараат начини да го привлечат интересот на саудиските жени возачи.Некои од нив, како Форд, Нисан и Шевролет, официјално им честитаа за новото право за возење и им посакаа добредојде во семејството на возачите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1