Фото: 7 год деца плачат, ги боли но не смеат да сопрат – како се тренираат децата олимпијци


Како се тренираат децата олимпијци. Шокантна приказна на освојувачка на златен медал Petra Schneider која го освои златото на 400 метри во 1980 во Москва. Таа била меѓу неколку деца од источна Германија кои биле дел од ,, проект пливање,,

Кога ја одбрале ја отпишале од училиште и ја сместиле во немилосрден камп. Немала име имала број – спортист 137 и ја тренирале дење и ноќе со една цел – едно од тие деца да им донесе златен медал.

Морале да пливаат во вакумирано опкружување, смеела да јаде само она што тие ќе и дале, ја клукале со протеини и и инјектирале стероиди.

Кога признала се за својот живот и како го освоила златото изјавила

,,Sharron Davies не се тркаше тој ден со друг пливач, туку со ,,нешто,, друг вид – не човек, јас бев програмирана да освојам злато,,

По успехот на 16 годишната сирена на овие олимписки игри Ye Shiwen светот се прашува дали е тоа случај и со неа.

И таа била дел од сличен тренинг систем. Била одбрана зошто имала невообичаено мускулесто тело и долги раце. Уште на 7 годишна возраст оваа спортистка која го освои златото во Лондон била отргната од двособниот стан во Hangzhou, и ја однеле во Chen Jingluin училиште за спорт.

На 11 годишна возраст ја освоила и првата медала. За неа нема информации како тренирала, но за гимнастичарките има – излегоа фотографии како децата атлетичари тренираат во Кина

Во минатото постоеле во Кина исто така кампови каде се тренирале идни олимпијци – деца. Имало 3,000 кампови низ цела кина.  Децата се отргнуваат од родителите уште додека се премногу млади. Ги тераат да вежбаат до исцрпување. Ги боли, плачат, но тренингот не смее да сопре. Ако сопре – добива ќотек од тренерот.

Олимпискиот комитет тогаш вети дека ќе отвори истрага но 7 години не се случи ништо. Во јануари оваа година овие фотографии беа објавени. Деца тренираат во болка а над нивните глави едноставен знак да ги потсетува зошто се таму ,,GOLD,, – злато.

На 7 годишна возраст прават по 20 склекови што не го можат ниту возрасни. Се одмараат само ако базенот или салата треба да се чисти, тврдел еден од нивните тренери – Wei Wei. Секоја година во местото Hangzhou се одбираат по 900 деца од градинка. Родителите немаат избор.

Во прилог на ова одат и следните факти. Во 1994 светско првенство во Рим. – кинеските спортисти освоиле 12 од 16 златни медали. На игрите во Азија 11 биле позитивни на тестостерон дотогаш имале 23 злата но одземени им се 9. во 1998, пливачка од Кина имала во себе хормон за растење во количина која обично ја има во цел еден тим.

Пред 6 недели Кинескиот пливач, 16 годишниот Li Zhesi (фото), е отстранет бидејќи користел нелегални средства – супстанца која се вика EPO.

Но ова се има последици на спортистите. Петра по толку години има проблеми со мускулатурата, нерегуларно срцебиење, висок холестерол и болки во грбот. И сега вели да може да се врати радо би го менувала златото за нормален живот.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1