ФОТО: Човек од Аргентина има 128 години и тврди дека е Хитлер


Маж стар 128 години од Салта во Аргенитна тврди дека тој е Адолф Хитлер лично и дека во последните седум децении ги минал криејќи се.

Иако е лесно да се посомневате во неговите тврдења, тие се совпаѓаат со откритијата на нацистичките артефакти во таа земја.

Во интервјуто за локалните медиуми, натурализираниот германски имигрант објаснува дека во Аргентина стигнал во 1945 година со пасош, наводно фалсификуван, кој го произвел Гестапо по завршувањето на Втората светска војна.

Пасошот гласел на име Херман Гунтерберг, пишува Спутник. Како што вели, одлучил да го прекине долгиот период на криење затоа што во 2016 година, израелската тајна служба Мосад, официјално ја напуштила својата политика во потрага за нацистички воени злосторници. „Хитлер“, додава и дека има намера да својата автобиографија ја објави во септември и го „врати“ својот јавен имиџ.

-Ме обвинуваат за бројни злосторства кои никогаш не сум ги сторил. Поради тоа морам да помина, повеќе од половина од својот живот во криење од Евреите, така да веќе ја отслужив својата казна. Ме прикажуваат како лошото момче кое ја изгуби војната. Кога луѓето ќе ја прочитаат мојата страна на приказната, тоа ќе го промени начинот на кој ме доживуваат, вели Гунтерберг кој тврди дека е Хитлер.

Додека водечките историчари се согласуваат дека Хитлер сторил самоубиство на 30 април 1945 година во бункер во Берлин, некои хроничари сугерираат дека Фирерот можел да побегне во Латинска Америка, како што тоа го сториле многу нацисти на крајот на војната.

Во приказната од Аргентина не верува дури ни неговата 55 годишна сопруга, која како што вели дека шокантното тврдење е производ на деменција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1