ФОТО: Човекот кој го поставил дронот снимен на воена камера


Човекот којшто го поставил беспилотното летало поради кое беше прекинат натпреварот меѓу Србија и Албанија, е снимен на безбедносна камера поставена во интернатот на Воената гимназија во Белград.

На камерата е снимен маж за кој полицијата се сомнева дека го поставил беспилотното летало, поради кое беше прекинат натпреварот кој се играше на 14 октомври.dronepilot

Како што пишуваат српските медиуми, со понатамошна истрага ќе се потврди дали на снимката е Исмаил Моринај, човекот кој се сомничи за ова дело.

Полицијата има сознанија дека човекот непосредно по инцидентот бил цел на навивачи на Рад.

– Тие веднаш тргнале во потрага. Наводно, влегле во трага на тој што го пуштил леталото, но успеал да побегне, велат од српското МВР. На основа на доказите сè уште не е потврдено од каде тргнало леталото.

– Можно е да е пуштен од куполата на црквата, каде што е најдено јаже, а можно е да е лансиран од зграда покрај воениот интернат, кој има рамен покрив. Не е исклучено дека и двете места биле подготвени однапред – велат од полицијата.

Полицијата го открила и местото каде што престојувал осомничениот Моринај, односно откриле дека се работи за хостелот Ферит, во близина на населбата Автокоманда во Белград.

Во моментот хотелот е затворен, а како што велат соседите, неговиот сопственик го напуштил објектот откако полицијата извршила претрес во собата каде престојувал Исмаил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1