Фото: Дедо претрча на пруга – за влакно не го удри експресниот воз


Овие фотографии се сведоштво за стравичниот момент кога еден постар човек одлучил да ја прескокне рампата иако знакот покажувал дека наближува експресниот воз.

Инцидентот се случил во Британија. Дедото на возраст од 61 година ја прескокнал рампата, но се сопнал и паднал на пругата, а возот веќе се видел на видикот. Ова е најбрзиот воз во Британија и неможе да сопре во вакви ситуации. Дедото успеал да се исправи и за влакно да избегне возот да го прегази.

Фотографиите ги направил возач, фотограф, кој чекал на ред во колоната за да мине на преминот. Дедото бил задржан во полициска станица.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1