ФОТО: емотивни фотографии пред утрешенот заеднички погреб на фудбалерите


Сите 19 фудбалери кои загинаа во неодамнешната авионска несреќа ќе бидат погребани утре, а на погребот најавено е да присуствува и првиот човек на ФИФА Џани Инфантино.chapecoensestadium-1-640x480

Од Вкупно 71 погинато лице во несреќата, 19 се фудбалери на познатиот бразилски клуб Чапокоензе, освен телата на фудбалерите на стадионот утре ќе бидат изложени и останатите тела на сите загинати членови во авионската несреќа.

На стадионот се очекуваат над 100.000 луѓе да им оддадат почит на загинатите млади фудбалери, а поворката ќе започне од аеродромот кон стадионот и ќе биде во должина од девет километри и ќе трае повеќе од четири часа.

Своја последна почит ќе им одаде и претседателот на Бразил, а за сите оние кои што нема да можат да влезат во стадионот ќе имаат можност настанот да го проследат на големи видео екрани пред самиот стадион.

Првите фотографии од опростувањето на семејствата со своите најблиски веќе пристигнаа и се тогателни, а не спласнуваат ни приказните на младите фудбалери и нивните планови за во иднина. Една од таквите емотивни приказни ја раскажа сопругата на еден од загинатите фудбалери дека тие пред неколку дена ста виле исти тетоважи во знак на вечна љубов, а на 9 декември тие планирале и одмор во Доминиканската Република.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1