Фото: Германка кажа ДА и платно белеше на сред езеро во Охрид


Свадбата мора да е романтична, мора да е уникатна и за паметење. Една Германка која реши да стане македонска снаа како најромантично место го избра Охрид – или поточно ,, на сред езеро,,

Според порталот ohridnews.com минатиот викент 130 гости од Македонија и Германија биле дел од свадбата на Бојан од Скопје и германката Ивон кои се венчале на бродот Александрија, на зајдисонце сред езеро. Навистина романтично.

Гостите прво се забавувале на бродот а потоа и на плажата Љубаништа каде дел од девојките во раните утрински часови решија да ,, белат платно,, во езерото па си влегоа малку да се разладат.

Се на се изгледа дека журката била спектакуларна, барем според фотографиите, а ние се надеваме дека свадбата во Охрид на германката – сега веќе македонска снаа ќе и остане запаметена по убаво.

Извор – Фото – ohridnews.com

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1