ФОТО: Голема акција на МВР во Тетово: Запленета поголема количина на дрога и оружје


Околу 30 килограми марихуана и оружје пронашла полицијата во два одвоени претреси вчера во Тетовско.

Вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле претрес во куќа и помошни простории на Е.М. (52) село Јажинце, тетовско.При претресот во една од собите биле пронајдени 29 пакувања со марихуана, завиткани со најлонска фолија, со тежина од околу 30 килограми, дигитална вага, еден куршум калибар 7,62 милиметри, две зрна од непознат калибар со ралична големина и мало најлонско ќесе со хашиш. Пронајдените предмети со потврда биле одземени и предадени на вештачење, додека пак Е.М. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка. По целосно расчистување на случајот, против Е.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така, вчера, врз основа на претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес и во дом и помошни простории на М.С.(39) во Тетово. Притоа биле пронајдени два пиштоли, кои тој ги поседувал без дозвола, едниот марка „Валтер П99“ со рамка со пет куршуми, калибар 9 милиметри, а другиот „Застава“ со рамка со седум куршуми, калибар 6,35 милиметри. По ова, М.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1