ФОТО: Можеби на прв поглед изгледаше како нормална средба, но нивните раце ја открија вистината


Барак Обама се сретна со Доналд Трамп вчера во Белата куќа и на наизглед пријателскиот состанок се договорија во иднина да соработуваат. Сепак, дури и на луѓето што не се разбираат премногу во оваа тематика, им беше јасно дека за време на средбата постоеше тензија, а експертот за говор на телото Пет Вуд ја анализираше нивната прва средба.sredba

-Обама делуваше екстремно исцрпено, содржано и без надеж, додека Трамп изгледаше несигурно и сериозно, а можеби и исплашено, изјави Вуд за „Дејли меил“.

Трамп изјави дека се радува на нивната идна средба додека Обама изјави дека го охрабрува фактот што новоизбраниот претседател е заинтересиран за соработка со неговиот тим.

-Ако го погледнете начинот на кој двајцата седат, ќе видите дека се во положба на алфа мажјаци кои порачуваат „Јас сум маж“, објасни Вуд.

Сепак, нозете на Обама се нешто повеќе раздвоени, а со тоа порачува дека и понатаму е надмоќен. Рацете на Трамп, од друга страна, привлекоа внимание, поради тоа што се наоѓале во позиција „спуштена молитва“, додава Вуд.sredba4

-Ваквата положба на рацете не е баш типична за лицата кои се одбрани да бидат претседатели и мислам дека таквата несигурна положба на рацете е последица на тоа што се соочува со нешто што не го познава. Кога започнува говорот, Трамп се држи сам себе за рака и тоа укажува дека има потреба да се охрабри себе си – објаснува Вуд.sredba3

-Положбата на телото на Обама, пак, не е типична за него, и тоа што ги одмора рацете на нозете говори дека е уморен. Тој нагласи дека негов главен приоритет е новиот претседател да биде успешен – додава експертот.sredba2-1

– Ме охрабри заинтересираноста за идниот претседател, Трамп соработува со мојот тим по прашањето на многу проблеми со кои земјата се соочува и верувам дека е важно сите да работиме заедно, без оглед на политичката партија на која припаѓаме – изјави Обама.Според Вуд, Обама не бил баш убедлив со оваа изјава, додека ги изговарал зборовите ги затворил очите, и тоа значи дека не е целосно охрабрен. Сепак, таа мисли дека Обама навистина верува дека тие треба да соработуваат при соочувањето со предизвиците и дека Трам делувал сериозно и искрено во своите изјави.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1