Фото: Нашле црв во чоколадо Животинско царство


Татко кој на своето дете во маркетот Конзум му купил чоколадо Животинско царство бил згрозен кога внатре пронашол црв. Го фотографирал чоколадото и фотографиите ги испратил до медиумите.

Се наоѓаме на одмор во Корчула, очекувам барем производите за деца да се свежи и здрави, но за жал јас бев згрозен од тоа што за малку моето дете ќе изедеше чоколадо во кое има црв,, напишал човекот во писмото до индекс.хр.

Чоколадите се од производителот Краш, купено во Конзум. На фотографијата се гледа дека рокот на траење истекол пред 2 дена.

Од Краш изјавиле дека невозможно е црвот да се нашол во чоколадото за време на пакувањето, а немаме надзор колку дистрибутерите и продавачите на нашиот производ го почитуваат рокот на траење, изјавиле од Краш и се понудиле чоколадото со црв да го заменат за нова, исправна чоколада.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1