ФОТО: Ова е мајката е осомничена за убиство на своите 7 деца


Австралиската полиција вчера соопштила дека е уапсена мајката на децата, чии тела се пронајдени во куќа во градот Кернс, во северниот дел на земјата.

Полицијата ги пронајде телата на осумте деца на возраст од 18 месеци до 15 години, кои починале од рани здобиени со нож.

mother

37-годишна Мерсана Вариа била мајка на седумте убиени деца, додека осмото било дете на нејзин роднина.

Детективот Бруно Асникар изјави дека жената исто така имала повреди од нож и била хоспитализирана, но оти е во свесна состојба и разговарала со полицијата.

Австралиските медиуми претходно јавија дека полицијата во државата Квинсленд добила повик да замине во куќа во предградието Манора, откако била известена дека една жена била тешко повредена. Полицајците на местото на злосторството ги пронашле телата на децата и жената, која имала тешки повреди во пределот на градите.avstralija deca policija

Во куќата во која се случила трагедијата живеел и пријател на жената, кој не е татко на ниту едно од децата.

Премиерот Тони Абот изјави дека станува збор за злосторство „кое остава без зборови“ и додаде дека ова се тешки денови за Австралија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1