ФОТО: Ова е уапсениот Македонец, член на ИСИЛ


Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода С.Р.(21) од Скопје кој се бараше од август годинава кога против него во рамки на Оперативната обработка „Ќелија“ беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“ предвидено и казниво по член 322-а од Кривичниот законик на Р.Македонија.sr-uapsen

-Според сознанијата пријавениот бил припадник на ИД и првото заминување за Сирија го остварил во првата половина на 2013 година, а додека пак второто илегално заминување за Сирија го остварил во октомври минатата година. Пријавениот пред неколку недели илегално се вратил на територијата на Република Македонија по што од страна на Министерството за внатрешни работи беше лоциран и по налог на Јавен обвинител лишен од слобода, информираат од МВР:

Инаку, како што МВР претходно информираше, оперативната акција “Ќелија“ беше реализирана на почетокот на август годинава (06.08.) како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување на лица да се приклучат во паравоени формации. Исто така беа собрани и докази и за сокривање на лица кои веќе учествувале во странска војска надвор од територијата на РМ или пак оствариле обид за тоа. Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, беа запленети поголема количина технички средства (копјутери, лап-топи, таблети, мобилни телефони, и друго).

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1