ФОТО: Овие светски ѕвезди денеска го слават Божиќ


Многу познати личности го слават Божик по Јулијанскиот календар. Некои го слават поради своите предци, некои поради емотивните партнери, а некои поради љубовта кон православието.

Листата на светските ѕвезди кои го славата Божик на 7 јануари ја сочинуваат славни холивудски актери и пејачи.1339451526_jennifer-aniston-justin-theroux-article

Холивудската актерка Џенифер Анистон православното христијанство го наследила од таткото Џон Анистон, кој исто така се занимава со глума. Тој е роден како Јанис Анастасакис на грчкиот остров Крит. Џенифер давала добротворни прилози за црквата под покровителство на Вселенскиот патријарх.

Том Хенкс

Актерот Том Хенск е роден во католичко семејство, но подоцна преминал во православие. Причината за преоѓањето е неговата втора сопруга Рита Вилсон, актерка која има бугарско-грчки корени.

– Кога ќе одлучите да се венчате со некого и да имате деца, тогаш мора да одлучите и какво духовно наследство ќе им оставите на децата – рекол Том кој во 1988 година се венчал во истата црква во која е крстена неговата сопруга.Screenshot_284

Ким Кардашиан

Американската старлета по потекло е Ерменка. Таа е четвртата генерација на иселеници од Ерменија. Ким Кардашиан минатата година на Твитер на сите им го честита Божик на 7 јануари.

„Депеш мод“

Пејачот на легендарната група „Депеш мод“, Дејвид Гахан, ја преземал православната вера од својата сопруга Џенифер Скилаз.

Наоми Кембел

Славниот топ модел Наоми Кембел станала верник на Руската православна црква во текот на врската којашто ја имаше со рускиот тајкун Владислав Дороњин.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1