ФОТО: Погледнете го најлуксузниот авион во светот – два спрата, дневна соба, спална и тоалет!


Сонот на секој патник е да ужива во удобноста и да се чувствува што е можно повеќе безбеден горе над облаците, па така за таа цел една авионска компанија се одлучила да ги направи нивните летови незаборавни за секој патник.

Компанијата откако го откупила авионот ербас А380 буквално го претворила во приватен луксузен авион во кој може секој да го закаже својот лет.avion6-640x427

Компанијата се надева дека еден ден и оние што највеќе се плашат од височина и летање ќе им бидат нивни патници.

Ербасот е на два ката, со четири класи на седишта почнувајќи од економската класа, бизнис класата, првата класа како и апартманите за престој кои се наоѓаат на горниот кат од авионот.avion4-640x427

Доколку сте заинтересирани за приватниот престој вашиот спокој е загарантиран во 12-те квадратни метри кои се поделени на три соби: една дневна соба, една спална соба и еден тоалет.

Патниците доколку се одлучат за овој лет можат да бидат сигурни дека ќе бидат згрижени од страна на вработени лица кои завршиле специјализиран курс за работење со патници.

Сепак доколку сакате да закажете лет за наредната година тоа не е возможно бидејќи веќе однапред се резервирани картите, кои за информација чинат близу 21.000 долари по лице.avion7-640x427avion5-640x360 avion8-640x427 avion9-640x427 avion10-640x427 avion11-640x427 avion12-640x427 avion13-640x427

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1