Фото: Проколнати кукли


Сингапур

Еден германски пар во 1914-та година бил уапсен во Сингапур, под сомнение за шпионажа. Нивната ќерка избегала на време и не била фатена, но паднала од карпа и загинала. Речиси 100 години подоцна, во 2007-та година, еден маж од Сингапур три ноќи по ред сонувал како оди да купи кукла за загинатото девојче.prokolnata-kukla-singapur

Тој одлучил навистина да го стори тоа, па ја пронашол куклата која се појавувала на сон и ја оставил на олтар посветен на девојчето. После овој гест, неговите сонови престанале.

Роберт

Куклата Роберт послужила како инспирација за хорор филм, и тоа со добра причина. Куклата му припаѓала на Роберт Јуцин Ото, кој ја добил од еден слуга од Бахамите, кој наводно се занимавал со црна магија.prokolnata-kukla-robert

После некое време, момчето ја обвинувало куклата дека му го искршила мебелот во собата, а родителите го фатиле како разговара со куклата на многу чуден начин. Девојчето кое ја наследило истата кукла, пак, во повеќе наврати тврдело дека препариран човек се обидува да ја убие.

Лета

Куклата Лета наводно била направена од страна на некоја жена од Романија, користејќи човечка коса.prokolnata-kukla-leta

Лета е позната по тоа што наводно ја менува позицијата кога никој не ја гледа, но и дека има пулс. Било забележано дека и кучињата се плашат од неа, па редовно лаеле во нејзино присуство.

Менди

Менди била направена во Англиjа во 1910-та година, а детето во чија сопственост била, го плашела плачење среде ноќ. Кога оваа кукла била подарена во музеј, луѓето се жалеле дека фотоапаратите не работеле во близина на куклата и дека навечер се слушале ситни чекори околу неа.prokolnata-kukla-mendi

Наводно, куклата Менди ги оштетувала сите останати кукли кои биле ставени во ист изложбен простор со неа, заради што добила посебен.

Џулиет

Куклата Џулиет со генерации била семејно богатство и со раѓањето ја добивале и момчињата и девојчињата. Традицијата престанала кога дури четири момчиња по ред кои ја наследиле умреле три дена после раѓањето.prokolnata-kukla-juliet

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1